11 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Вработените во Државниот завод за ревизија под блокада, испратија писмо во јавноста

Најчитани вести

Државниот завод за ревизија е под блокада на своето работење бидејќи две години нема директор, а нема ниту заменик-директор, додека пратениците во Собранието играат политички игри кој да ја раководи оваа институција.

Тоа ги натера вработените преку писмо во јавноста да укажат дека континуирано одлагање на избор на главен ревизор институцијата се соочува да биде комплетно блокирана на неопределено време, што ќе доведе до немање контрола врз трошењето на јавните пари.

Во апелот до политичарите тврдат дека заводот веќе не може да влезе во ниедна државна институција за да изврши надзор во нејзиното финансиско работење, а и самите вработени би останеле без плата и социјално и здравствено осигурување.

“Извесно е дека ќе се организираат предвремени парламентарни избори, за што согласно Изборното законодавство, ДЗР има важна улога во реализирање на истите, а нема да биде во можност да ги исполни.“ пишува меѓудругото во писмото, на кое стои потпис од 66 вработени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести