9.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Во Њујорк одржана парада за Ноќта на вештерките

Најчитани вести

Десетици илјади маскирани учесници маршираа синоќа на 46. годишна парада за Ноќта на вештерките во Њујорк, која се одржа под засилен полициски надзор.

Парадата долга околу 2,5 километри започна во Гринич Вилиџ, а на неа учествуваа 50 музички бендови и танчери.

Имаше многу учесници маскирани како и Бетмен и Спајдермен, но и такви инспирирани од најновиот филмски хит Џокер, пренесе агенцијата АП.

Во парадата можел де учествува секој кој носел костум.

Полициското присуство беше засилено и покрај тврдењата дека нема сериозни закани.

Некои улици беа затворени, а полицајци биле распоредени на секој агол.

Пред две години, додека градот се подготвуваше за Ноќта на вештерките, возач на камион удри во пешаци и велосипедисти на фреквентна велосипедска патека покрај реката Хадсон, недалеку од рутата за парадата, при што загинаа осум лица, а сериозно беа повредени 11.

Парадата за Ноќта на вештерките за прв пат се одржала во 1973 година, кога куклар кој парадирал со семејството привлекол големо медиумско внимание.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com