0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Во јули зголемени трошоците на живот за 0,5 проценти во однос на јуни

Најчитани вести

Трошоците на живот во јули во однос на јуни се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со јули лани, трошоците на живот се зголемени за 3,4 проценти, а цените на мало за 5,4 проценти.

Пораст во однос на јуни е забележан кај цигарите за 0,9 проценти, млекото за 0,8 проценти, лебот и житата за 0,4 проценти и пивото за 0,3 проценти. Зголемување има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 49,9 проценти, гасот за домаќинствата за 8,4 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5 проценти, течните горива за домаќинствата за 4,7 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 3,4 проценти, услугите за сместување за 2,2 проценти…..

Намалување е забележано кај маслото и маснотиите за 2,2 проценти, виното за 1,6 проценти, месото за 0,7 проценти и сирењето и урдата за 0,3 проценти. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот има и кај парамедицинските услуги, теписите, облеката, мебелот и покуќнината, кујнскиот прибор, обувките…

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com