20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Во Јапонија за девет долари можете да изнајмите човек кој ќе го слуша вашето кукање

Најчитани вести

Дали некогаш сте посакале да му се пожалите некому кој ќе има разбирање и едноставно ќе ве сослуша? Во Јапонија тоа е можно за само девет долари.

Таканобу Нишимото е Јапонец кој го започнал овој необичен бизнис и се чини дека не се покајал. 50-годишниот маж води онлајн сервис “Ossan Rental” од 2012 година во својот роден град – Токио. 

По пат на овој сервис за само 1000 јапонски јени или близу девет долари можете за еден час да се пожалите некому, да му се доверите, да кукате, да раскажувате за своите проблеми и потешкотии… За оние кои го сакаат тоа, достапно е и советување.

Првобитната цел на Нишимото била да ги сослуша проблемите на луѓето во средното доба кои во Јапонија често ги исмејуваат поради пивскиот стомак, опаѓањето на косата, нехигиенските навики… Како што вели тој, намерата му е да ги елиминира сите негативни стереотипи. Меѓутоа, неговиот сервис денес го користат сите генерации.

“Мислев дека најмногу ќе ме контактираат мажи, но сепак тоа се жени од 20 до 50 години”, вели Јапонецот.

Судејќи според корисниците на “Ossan Rental”, Јапонците најмногу се жалат на кариерата и љубовта, додека други едноставно имаат потреба да се пожалат на лоша услуга во некој угостителски објект, лош тренд, концерт кој ги разочарал итн.

Нишимото верува дека постарите луѓе имаат поголемо трпение и животно искуство кое можат да го споделат со помладите, поради што таквите најчесто ги вработува. Неговиот сервис денес во просек го користат околу 900 луѓе месечно./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com