24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Во Шкотска најмногу починати од дрога

Најчитани вести

Во Шкотска минатата година од употреба на дрога починале 1.187 луѓе, што е за речиси 27 отсто повеќе отколку во 2016 година, а во однос на бројот на населението, станува збор за најголем број во ЕУ, пренесува Би-би-си.

Според официјалните податоци, во Шкотска во 2018 година се регистрирани 218 смртни случаи од дрога на милион жители, додека во Велика Британија бројката е 74, а во ЕУ 23, речиси десет пати помалку.

Според најновите проценки на здравствените работници, во Шкотска има околу 60.000 зависници од дрога, или околу 1,6 отсто од населението.

Најголем број од починатите од дрога во Шкотска користеле опојни дроги како хероин и медатон, а забележано е дека се повеќе зависници консумираат смртоносни коктели на дрога , кои вклучувајќи бензодиазепини, етизоламeм, апчиња кои дилери ги рекламираат како ,,уличен валиум”.

Етизолам предизвикал смрт на 548 луѓе во 2018 година, се наведува во извештајот.

Исто така е интересно дека употребата на дрога во најсиромашните делови на Шкотска е 17 пати повисока отколку во од најбогатите делови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести