2 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Во Шведска застрелана жена со дете во рацете

Најчитани вести

Жена на возраст од триесетина години почина откако утрово била застрелана во близина на Риберсборг, населба во шведски Малме во која се наоѓа и популарна плажа. Голем дел од градот е под полициска блокада.

Според локалните медиуми, полицијата соопштила дека повредената жена им подлегнала на повредите три часа откако се случило пукањето.

Уште две лица биле пренесени во болница.

Според сведоците, неколку маскирани вооружени лица испукале од осум до 10 истрели пред да избегаат низ градините на околните згради. Сведок изјавил дека се чини оти биле користени две различни оружја.

Друг очевидец рекол дека жената носела дете кога била погодена од куршум.

Шведски портал објави видео на кое се гледа како човек облечен во црно со пиштол во раката трча по улица.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести