21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Во Чиле откриен нов вид диносаурус

Најчитани вести

Научници открија нов вид диносаурус во пустина на северот на Чиле, објави BBC.

Остатоци од диносаурусот се пронајдени во пустината Атакама. Според експертите, диносаурусот имал мала глава, долг врат и необично рамен грб, а се хранел со билки.

Истражувањата покажаа дека живеел во некогаш бујното подрачје со зеленило, папрат и палми.

Тимот предводен од чилеанскиот геолог Карлос Аревало ги пронајде остатоците на диносаурус во деведесеттите години, истражувањата се извршени подоцна, а резултатите се објавени пред два дена во Cretaceous Research.

Остатоците откриваат дека диносаурусот бил млад, долг 6,3 метри. Наречен е Arackar licanantay што значи „коските од Атакама“ на Кунза јазикот.

Коските ќе бидат изложени во чилеанскиот Природнонаучен музеј.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести