17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Во четврток 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка

Најчитани вести

Во четврток ќе се одржи 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка.

„Евроизација кај домаќинствата во Република Северна Македонија: Дали е блиску или далеку од оптималните нивоа?“ е темата на која ќе говорат Тања Јакимова, Милан Елисковски и Артина Беџети Бафтијари.

Сесијата ќе се одржи преку видеоконференциска врска, а ќе почне во 14 часот. По презентацијата на трудовите, предвидена е дискусија.

Заинтересираните истражувачи кои сакаат да учествуваат на сесијата ќе можат да се пријават најдоцна до среда на е-адресата: info@nbrm.mk.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com