8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Во Црна Гора за пет години е украдена струја во вредност од 8,7 милиони евра

Најчитани вести

Вкупно 86 милиони киловат часови (kWh) неовластено користена електрична енергија во вредност од 8,7 милиони евра е евидентирана во Црна Гора од 2016 година, објави Црногорскиот систем за дистрибуција на електрична енергија (ЦЕДИС).

Од вкупната сума, ЦЕДИС успеа да собере околу 70 проценти или шест милиони евра, пишува весникот Дан.

– Од почетокот на тековната година до 30 јуни беа пресметани 8.597.316 kWh врз основа на неовластено користена електрична енергија или околу еден милион и 50 илјади евра, од кои беа собрани околу 71 процент, прецизира ЦЕДИС.

Неовластено користење електрична енергија во Црна Гора се третира како кривично дело.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести