Home » Во Црна Гора денеска се избира нова влада

Во Црна Гора денеска се избира нова влада

by Журнал.мк

Во Цетиње денеска ќе се одржи седница на Парламентот на Црна Гора, на која треба да се избере нова малцинска влада, предложена од мандатарот Дритан Абазовиќ.

Новата влада, како што е предложена, ќе има 18 ресори, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор.

Пратениците на Демократскиот фронт нема да присуствуваат на денешната седница, бидејќи ја сметаат предложената влада за нелегитимна, изјави пратеникот на оваа алијанса, Славен Радуновиќ.

Тој рече дека пратениците на ДФ нема да присуствуваат на денешната седница поради неодамнешното каменување на автобусот во кој беа децата од Никшиќ, само затоа што пееле и одиграле круг пред Цетинскиот манастир.

Лидерот на Демократска Црна Гора и поранешен претседател на Собранието Алекса Бечиќ изјави дека очекува многу брзо во Црна Гора да бидат распишани предвремени парламентарни избори.

-Кој не е уценет ќе ги избере изборите. Дритан Абазовиќ вели дека тоа е губење време, а всушност се плашат од судот на граѓаните. Повеќето граѓани сметаат дека новите избори се најдоброто решение. Ќе видите како ќе изгледа таа илегална власт под аминот на ДПС (Мило Ѓукановиќ). Ќе биде компликација – изјави Бечиќ во интервју за Радио-телевизија Херцег Нови.

Претседателот на Социјалдемократите, Дамир Шеховиќ изјави дека оваа партија нема да гласа за 43-та влада на Црна Гора, мандатарот Абазовиќ и го наведе како главна причина учеството на Социјалистичката народна партија (СНП) во новата извршна власт во констатација со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Шеховиќ тврди дека формален предлагач на новата влада е Дритан Абазовиќ, а во суштина Владимир Јоковиќ (СНП), „во консултација со Александар Вучиќ“.

Црногорскиот парламент ја избира новата влада три месеци по гласањето недоверба на премиерот во заминување Здравко Кривокапиќ на почетокот на февруари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk