26.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Во Хрватска 1.197 новoзаразени со коронавирус, 17 починати

Најчитани вести

Националниот штаб за цивилна заштита денес објави дека во изминатите 24 часа во Хрватска починале 17 лица како резултат на инфекција од коронавирус, и регистрирани се 1.197 новозаразени од вкупно 7.619 тестирани лица.

Во Хрватска има 6.116 активни случаи, меѓу кои 894 пациенти се во болница, од кои 84 се на апарати за дишење, објави Индекс.хр.

Од 25 февруари минатата година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 254.507 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 5.726 починале.

Во моментов има само 20.528 лица во самоизолација, а досега се тестирани вкупно 1.454.984 лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести