27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Во Хрватска потврден британскиот вид на коронавирус, заразено е и дете

Најчитани вести

Во Хрватска се потврдени првите три случаи на британскиот коронавирус, соопшти хрватското Министерство за здравство.

Новиот вид на коронавирус е потврден кај 50-годишен маж и три иполгодишно дете од Загреб и кај 34-годишен маж од Бродско-Посавска жупанија.

Пациентите и нивните контакти се во изолација.

Новата мутација на коронавирусот, откриена во Велика Британија, за која се смета дека 70 отсто побрзо се шири од досегашната варијанта, предизвика паника и многу држави се одлучија да воведат забрана за патувањата со таа земја.

Патрик Валанс, главниот советник за наука во британската Влада, изјави дека оваа варијанта на вирусот се шири брзо и станува доминантен вид. Британското Министерство за здравство објави дека сè уште не постојат докази за тоа дека е поголема веројатноста оти новата мутација ќе предизвика посериозни болести или смрт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести