17.8 C
Skopje
Monday, August 15, 2022

Во Хрватска е направена трансплантација на три органи: Црн дроб, панкреас и тенко црево

Најчитани вести

Пациентот е 42-годишен маж, а му биле трансплантирани панкреас, црн дроб и тенко црево. Операцијата траела шест часа, пренесе хрватската телевизија ХРТ.

Хируршкиот тим го водел Стипислав Јадријевиќ, а тимот за експлантација Данко Микулиќ.

  • Пациентот веќе имал трансплантиран црн дроб, сега доби нов, како и панкреас и тенко црево. Тој боледувал од синдром на кратко црево, поради што страдал црниот дроб и единствен начин беше да му направиме мултиорганска трансплантација – изјави Јадријевиќ.

Тој додал дека операцијата била голем предизвик и дека обично работи на трансплантација на органи кај деца. Мултиорганските трансплантации се прават ретко во светот, додал Јадријевиќ.

-Во Германија, земја која има 80 милиони жители, последниве години не е направена ниедна таква операција – истакнал Јадријевиќ.

Тој додал дека операцијата на тенкото црево е трета направена во Хрватска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com