20.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Во Хонг Конг нови немири помеѓу полицијата и демонстрантите

Најчитани вести

Со палки и солзавец, полицијата во Хонг Конг ги растера демонстрантите кои се собраа на 22-годишнината од предавањето на поранешната британска колонија на Кина, со цел да ја попречат церемонијата.

Демонстрантите користеа метална количка за да пробијат низ прозорецот од влезот во зградата на законодавниот дом.

Во пресметката на полицијата со демонстрантите има повредени.

Лидерот на Хонг Конг, Кери Лам, присуствуваше на церемонијата со подигнување знаме, додека полицијата се обидуваше да ги задржи демонстрантите, пренесе Би-би-си.

Милиони луѓе протестираа изминатите недели во Хонг Конг поради контроверзниот закон за екстрадиција, со кој беше дозволено на осомничените да им се суди во матичната земја, Кина. Владата го суспендираше законот, но протестите продолжија.

Демонстрантите бараат целосно повлекување на спорниот закон, укинување на терминот „нереди“ со кои се опишани протестите од 12 јуни, ослободување на сите уапсени активисти и истрага за полициската употреба на сила. Се бара и оставка од Кери Лам.

Во Хонг Конг за попладнево се закажани нови големи протести.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com