17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Во Хонгконг роботи им помагаат на децата со аутизам да развијат социјални вештини

Најчитани вести

Професорката по психологија Кетин Со, направи робот кој им помага на децата со аутизам да развијат социјални вештини.

Роботот е развиен во рамките на програмата која е поддржана од невладини организации и училиштата во Хонгконг. Употреблив е за деца со аутизам од три до 18 години, а им помага да се носат со секојдневните предизвици и проблеми, меѓу кои конфликтите и малтретирањето.

Со, која е професорка на Кинескиот универзитет во Хонконг за британската новинска агенција Reuters изјави дека споменатата програма се применува од 2015-та година кај повеќе од 1,200 деца.

„Лицата со аутизам се помалку мотивирани за интеракција со другите луѓе и се хиперсензитивни на опкружувањето во кое што живеат. Поради тоа, ние користиме роботи кои ги подучуваат на социјални вештини, а се со цел да се намали нивната анксиозност“, објаснува професорката Со.

Роботите си играат со децата и така ги поттикнуваат на вербална интеракција. За време на едукацијата се користат два роботи кои на децата им помагаат да ја сфатат разликата помеѓу примерното и непримерното однесување.

После едукацијата со помош на роботите, децата се охрабруваат да ги користат вештините, а целиот процес го следи ментор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести