23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Во хеликоптерска несреќа на Бахамите загинаа седум лица, меѓу кои и милијардер

Најчитани вести

Седум Американци загинаа при уривањето на хеликоптер кој леташе од островот Биг Гранд Кеј на Бахамите до градот Форт Лодердејл во Флорида, соопшти полицијата на Бахамите.

Меѓу жртвите се Крис Клајн, милијардер и рударски претприемач и добротвор од Западна Вирџинија, според весникот „Реџистер хералд“ од Бекли, кој се повикува на гувернерот Џим Џастис.

Според полицискиот извештај, хеликоптерот исчезнал набрзо откако полетал од островот, а властите и локалните жители го пронајдоа местото на несреќата околу три милји од Гранд Кеи.

Полицијата ги идентификуваше жртвите како четири жени и тројца мажи, објави АП.

Во соопштението се наведува дека полицијата и цивилните воздухопловни власти ја испитуваат несреќата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести