17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Најчитани вести

Во вечерните часови на 12 април на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А.Б, инаку жител на ова село.

Како што информираат од МВР, при преглед во возилото „хамер“, со тетовска регистарација, кое го управувал 31-годишникот, биле пронајдени кокаин спакуван во 100 пакувања со различна големина, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона.

При претресот, дилерот се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.

Тој бил приведен во полициската станица во Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести