28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

Во фотографииве лежи одговорот кај му „лета“ паметот на Нејмар

Најчитани вести

Дали бразилските медиуми го најдоа тоа што ги интересираше? Имено тамошните медиуми, буквално се окупирани со приватниот живот на бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, па така, најновото што доаѓа од јужно-американскиот континент е новата љубовна врска на бразилскиот ас со манекенката со хрватско потекло, Наталија Барулиќ.

Медиумите тврдат дека капитенот на фудбалската селекција на Бразил започнал љубовна романса со убавата манекенка Барулиќ.

„О Диа“, „Газетае Спортива“, „Капричо“ и други бразилски весници тврдат дека убавата бринета е видена на неколку средби на ПСЖ во чии дрес настапува извонредниот напаѓач и дека е прашање на време кога Нејмар и Наталија ќе ја информираат јавноста дека се во врска.


Медиумите водено наведуваат дека убавата 27 годишна манекенка се почесто престојува во Париз.


Интересен за медиумите е и фактот што убавата Наталија до неодамна била во врска со колумбискиот пејач Малума.


Таткото на Наталија која е родена во Калифорнија е Хрват а мајката и е од Куба. Убавата манекенка во младоста била дел и од изборот за Мис на Калифорнија./1tv.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести