7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Во учебниците ќе се брише „бугарски“ пред фашистички окупатор

Најчитани вести

Покрај спомениците, ќе се менуваат и учебниците по историја кои ги содржат термините „бугарски фашистички окупатор“, како дел од договорот со Бугарија, соопшти премиерот Заев.

Според него фашизмот не смее да има етничка димензија, па така, ќе се доотстрануваат термините со „фашистички“ и од спомен обележјата кај нас.

-Тоа се термини каде што називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спремни се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство. Голем број од спомениците коишто ги има во двете земји треба да бидат во пријателски дух, не смее фашизмот да има етничка димензија., кажа Заев.

Премиерот посочи и дел од конкретните точки кои ги бара бугарскиот претседател Радев од македонските власти како услов за деблокада на преговорите со Македонија. Премиерот рече дека Македонија е подготвена да и понуди на Бугарија да биде втората земја која ќе го чува македонското небо, покрај Грција која е првиот партнер во оваа област.

-Конкретно ќе биде потребна дипломатска нота на којашто ќе се опишува дека краткото име е исто со долгото име, односно . Македонија е исто со Република С. Македонија и дека нема територијални претензии. Дека нема да се мешаме во внатрешните работи, вклучително и за малцинските права, затоа што станува збор за граѓани на Бугарија и тие го имаат своето право како луѓе и поединци. Секако и сите секторски соработки помеѓу институциите од сите области. Трета важна работа е да реагираме во спречување на говорот на омраза, објасни Заев.

Прашањето за бугарските барања се актуелизираше по вчерашната посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на официјална Софија, од каде од претседателскиот кабинет на Радев соопштија оти Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската унија, но за тоа е потребно целосно исполнување на Копенхашките критериуми за членство на Република Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com