Неколку лица загинаа во судир рано утринава во јужна Унгарија, кога камион се забил во воз исфрлајќи го од шините, соопшти тамошната полиција. Неколку лица загинаа на лице место, а неколку други се повредени, соопшти полицијата.
„Спасувачките напори се во тек, така што не можеме да зборуваме за точниот број на загинати“, изјави портпаролот на полицијата за Ројтерс.
Несреќата се случила на преминот во Миндзент во близина на унгарско-српската граница нешто пред седум часот по средноевропско време.
Државната железничка компанија соопшти дека од шините излетал вагон со 22 патници. Возилото тргнало да преминува преку шините игнорирајќи го црвеното светло, додаваат од компанијата.