7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Во Украина почна воена вежба со земјите од НАТО

Најчитани вести

Украина и неколку земји членки на НАТО, меѓу кои и САД, почнаа денес заедничка воена вежба на западот на поранешната советска република, во контекст на спорните тензии со соседна Русија

На годишните маневри во организација на Киев и Вашингтон кои ќе траат до 1 октомври учествуваат околу 6.000 војници од 12 земји, соопшти американската амбасада во Киев.

Вежбата треба да ја јакне „компатибилноста на војниците и штабовите на украинските и американските оружени сили и партнерите од НАТО“, кажа украинскиот генерал Владислав Клотчков.

„Украинските војници кои осум години се спротивставуваат на руската агресија ќе го споделат со своите меѓународни колеги своето единствено искуство стекнати за време на борбите на истокот на Украина против проруските бунтовници“, додаде украинскиот генерал.

Вежбата се одржува десетина дена по почетокот на руско-белоруските воени маневри во кои учествуваат 200.000 војници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com