Во Турција пристигнаа првите руски ракетни системи С-400

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Првата пратка од компоненти на руските противвоздушни ракетни системи С-400 пристигна денеска во Турција, соопшти Министерството за одбрана во Анкара.

„Првата пратка од компоненти на системот за противвоздушна одбрана С-400 пристигна во Турција. Испораката се врши во воздухопловната база Муртед, во близина на главниот град Анкара“, истакнаа турски воени претставници.

Набавката на најновите руски системи С-400 предизвика меѓународен скандал меѓу Турција и САД. Вашингтон бараше зделката да биде прекината, а американскиот ракетен систем „Патриот“ да биде набавен во замена. Во случај да биде одбиена понудата, Вашингтон се закани со одложување или прекин на продажбата на авионите-ловци Ф-35 за Турција, како и со санкции, но Анкара одби да се повлече. По средбата на врвот на лидерите од земјите на Г20 во јапонскиот град Осака, ситуацијата меѓу САД и Турција стана помалку тензична, истакна турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турција многу пати досега нагласувала дека набавката на воена опрема е суверено право и ја исклучи можноста да се откаже од плановите за снабдување со системите С-400.

Москва и Анкара потпишаа договор за испорака на системи С-400 во декември 2017 година. Турската соработка со Русија по ова прашање беше силно критикувана од НАТО и САД.

З.Х.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.