Тунискиот премиер Јусеф Чахед го забрани носењето никаб во јавните институции поради безбедносни причини, соопшти денеска неименуван официјален извор за „Ројтерс“.
Одлуката беше донесена по самоубиствениот напад во вторникот.
Тоа е трет напад што се случи во рок од една недела, во време кога Тунис се подготвува за есенските избори и на врвот на туристичката сезона во која земјата се надева дека ќе забележи рекорден број посетители, објави агенцијата.
Исламската држава презеде одговорност за сите три напади.