Home » Во трката за наследник на Ципрас во СИРИЗА ќе има пет кандидати

Во трката за наследник на Ципрас во СИРИЗА ќе има пет кандидати

by Lina Muslija

Кандидатурата за претседател на СИРИЗА, утрово преку социјалните мрежи ја објави Стефанос Каселакис, со што е и петтиот кандидат во трката за лидер на грчката опозициска партија во пресрет на партиските избори на 10 септември.

Каселакис е 35-годишен бизнисмен кој живее во САД, а за разлика од неговите противкандидати кои се познати на грчката политичка сцена, станува збор за ново име и многумина во Грција коментираат дека е изненадување во трката за претседател на најголемата опозициска партија.

Преку видео порака на социјалните мрежи, Каселакис ја претстави неговата кандидатура, говорејќи отворено за неговиот живот, за неговиот партнер, порачувајќи дека „нема геј агенда, туку човечка агенда“, потенцираше дека е свесен дека нема партиско искуство, туку неговото искуство е во работата и социјалниот живот, а неговата кандидатура е „од општеството, за општеството“.

-Мојата кандидатура е радикална, како и мојот живот. Одиме заедно. Со план. Грчкиот сон не е загубен. Ниту СИРИЗА. Време е да се преродиме. Време е СИРИЗА повторно да стане победник. Време е модерната левица да дејствува. Време е да го направиме секој граѓанин горд, порача Каселакис.

По оставката на Алексис Ципрас пред два месеци, СИРИЗА на 10 септември ќе го избере новиот лидер, а досега кандидатури поднесоа и поранешните министри и актуелни пратеници Ефи Ахциоглу, Ефклидис Цакалотос и Никос Папас, како и поранешниот министер од ПАСОК Стефанос Ѕумакас.

Доколку не се одбере претседател во првиот круг, на 16 септември ќе се одржи вториот круг.

В сабота пак, СИРИЗА ќе одржи партиски конгрес.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More