8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Во Тетовско за 9 месеци вкупно 11.663 казни за сообраќајни прекршоци

Најчитани вести

Во деветте месеци од оваа година на подрачјето на Тетово изготвени се вкупно 11.663 барања за поведување прекршочна постапка за откриени односно констатирани најразлични видови сообраќајни прекршоци или скоро два и пол пати повеќе барања во споредба со истиот период лани, информираат од тетовската полиција.

Најмногу казни се изречени за брзо возење.

– За неприлагодена брзина според условите на патот, вкупно 3719, потоа непочитување првенство на минување 46, управување под дејство на алкохол 234 биле и најчестите причини за случените сообраќајни несреќи и пред се за оние со потешки последици. Поради утврдени недостатоци, во редовни, акциски или други контроли од сообраќај биле исклучени 2911 возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во периодот за кој станува збор времено се одземени 503 возачки дозволи, а од сообраќај биле исклучени и 271 „алкохолизирани“ возачи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com