Тетово, 23 октомври- На улицата ,,153″ во Тетово вчера полицајци привеле четири лица, А.И. (27), В.Б. (21), Ш.Б. (29) и Р.Ј. (26), сите од Тетово, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Кај нив вчера полицијата пронашла марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.