-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Во Тетово заврши изградбата на затворен базен

Најчитани вести

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи заедно со претставници на Владата денеска го посети новоизградениот затворен базен, што е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт за десет вакви објекти низ државата. Според најавите на градоначалничката базенот ќе се користи претежно од училиштата.

– Нашите деца од училишна возраст ќе добијат можност за спортување во уште една дисциплина- пливањето. Тетово е познат по фудбал, карате, одбојка, а со ова учениците ќе можат да раазвиваат уште еден интерес. Очекувам да се формираат и такви екипи. Ова е голема инвестиција во средства некаде околу 45 милиони денари и плус за фотоволтаици, па ќе надмине 50 милиони. Освен тоа е голема инвестиција за квалитетот на животот, изјави Арифи.

Салата на базенот има димензии 20 со 30 метри со површина од 600 метри квадратни. Има соблекувални за момчиња и девојчиња, тоалети и туш кабини. Главниот дел во кој е сместен базенот е долг 25 метри, широк девет метри и длабок од 0,80 до 1,20 метри.

– Ова е првиот базен од АМС кој е направен во Тетово. Тоа покажува на одлична соработка на локалната и централната власт. Воедно покажува дека Општина Тетово е подготвена во делот на аплицирање и добивање на средства од централната власта. И во наредните години Тетово ќе гради нови објекти, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Арифи и Бектеши направија увид во работите околу проектот „Изградба на место за излет во месноста Тетовско Бањиче“. Проектот е поддржан од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој со 23 милиони денари. Предвидено е регулација и пристап на патната инфраструктура, регулирање на коритото на реката во должина од 422 метри, изградба на базени со термоминерални извори и поставување урбана опрема./МИА/.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com