9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Во текот на следната година пристигнуваат дури четири iPhone модели со 5G

Најчитани вести

Apple ја прескокна имплементацијата на 5G технологијата на најновата генерација на своите телефони. Ова има смисла за компанијата затоа што технологијата е релативно нова, а Apple обично е познат по употреба на веќе испробана и тестирана технологија (на компанијата и требаше извесно време да го примени и 4G). Сепак, се очекува дека во 2020 година Apple конечно ќе го прифати 5G.

Ова претходно го сугерираше аналитичарот Минг-Чи Куо, кој истакнува дека Apple следната година може да објави три 5G iPhone уреди. Меѓутоа, според аналитичарот на Wedbush Securities, Ден Ајвс, Apple би можел да објави и четврти iPhone 5G во текот на 2020. година. Засега не е познато кој модел би можел ова да биде, така што во моментов делува необично бројот на уреди што го предвидува овој аналитичар.

Следната година ќе ги видиме наследниците на iPhone 11, 11 Pro и 11 Pro Max, но се појавуваат и гласини за објавување на iPhone SE 2 моделот. Сепак, со оглед на тоа дека овој модел се очекува да биде своевиден „буџетски“ iPhone, не се очекува дека Apple во него ќе имплементира 5G поддршка. Од друга страна, имплементирањето на мрежа од следната генерација би можело да го направи телефонот попривлечен за корисниците.

Во секој случај, овие информации треба да се земат со резерва, затоа што сè уште е рано да се зборува за конкретните планови што ги има Apple за следната година.

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com