17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Во текот на идната година VW ќе лансира 34 нови модели!

Најчитани вести

Од Volkswagen планираат да лансираат дури 34 нови модели на глобално рамниште и тоа сите, верувале, или, не, во текот на претстојната 2020-та година…
Веќе и врапчињата на гранка знаат дека електричниот модел ID.3 ќе стаса тврдат, дека многу брго ќе следат уште модели со значката на електричниот под бренд – ID.

Тука е и SUV моделот со средна големина што во концепт форма е претставен како ID Crozz, a најверојатно ќе го користи името ID.4 кога ќе влезе во сериско производство.

Од германската Компанија истакнаа дека ќе го продаваат во Европа, во Кина и во Северна Америка.

Во преостанатите шест хибридни и целосно електрични автомобили ќе се најде и новиот Golf GTE, чија продажба би требало да стартува во стартот на продажбата на верзијата опремена со конвенционален погонски систем, со мотор на внатрешно согорување.

Од Volkwagen не го специфицираа секој модел што планираат да го претстават во текот на претстојната 2020 година, но тврдат дека ќе ги има вкупно 34.

Да добро прочитавте дури 34, а тука ќе бидат вклучени 12 SUV модели, што не е за изненадување бидејќи станува збор за категорија која стана клучен фактор во успехот и растот на продажбата на Компанијата во изминатите неколку години.

И покрај тоа што глобалниот пазар на автомобили евидентира намалување, Volkwagen го зголемил своето учество на истиот,најмногу и пред се благодарение на големиот профит во заработувачката остварен на продажбата токму на SUV моделите.

Од компанијата откриваат и дека тековната 2019 година ќе ја „помнат и како многу успешна“, како и дека не се многу загрижени од се поострите CO2 рестрикции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com