137
Илјадници демонстранти, со грузиски знамиња и верски симболи, поддржани од православни свештеници упаднаа на Парадата на гордоста во Тбилиси. Толпата палела знамиња со виножито и напаѓала полицајци.
Парадата е откажана, бидејќи учесниците морале да се евакуираат. Организаторите ја критикуваа полицијата дека не успеала навреме да ја спречи агресивната група.