Home » Во судот рочиште за пожарот во модуларната болница, пред судот поддршка за д-р. Вучевски

Во судот рочиште за пожарот во модуларната болница, пред судот поддршка за д-р. Вучевски

by Журнал.мк

Во Основниот суд во Тетово денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 кога 14 луѓе ги изгубија животите. На 16 февруари беше последното рочиште кога сведочеа две медицински сестри, родители на починато лице кое било хоспитализирано, двајца роднини на луѓе кои биле на болничко лекување, како и тројца вештаци.

Судењето денеска треба да продолжи со сведочење на уште еден вештак предложен од Обвинителството по што ќе се презентираат писмени докази предложени од одбраната.

Како и на речиси секое претходно рочиште повторно граѓаните преку социјалните мрежи се организираат на мирен протест пред судот за да му дадат поддршка на д-р Бобан Вучевски, за кого сметаат дека неоправдано е обвинет во овој судски процес.

-Мирен граѓански протест-Правда за д-р Бобан Вучевски. На ден 02.03.2023 четврток пред Основниот Суд во Тетово со почеток во 9.00 часот ќе започне мирен граѓански протест во знак на поддршка за д-р Бобан Вучевски, се вели во повикот по социјалните мрежи.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk