Во стомакот на мртов елен пронајден во национален парк во северниот дел на Тајланд најдени биле 7 килограми ѓубре.
Службениците од националниот парк во желудникот на животното, меѓу останатото, пронашле и машки гаќи, пластични кеси и веќички за инстант кафе.
Кун Сатхан, официјален претставник на националниот парк, рече дека еленот хранејќи се, долго време консумирал и од пластиката која e расфрлана низ паркот.
Претходно, во националниот парк регистриран е уште еден ваков случај на смрт на животно.
„Веруваме дека еленот внесувал пластика и отпад долго време пред неговата смрт“, изјавил директорот на Националниот парк, за Би-би-си.
Тој најави проект за собирање на отпад во паркот, за кој ќе го ангажираат и локалното население. Директорот исто така најави едукација на локалното население и туристите за тоа како фрлената пластика во националниот парк штети на животната средина и на животните.