15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Во Србија пристигна втората тура вакцини на „Фајзер“

Најчитани вести

Денес во Србија пристигнаа 18.525 дози вакцина на компанијата „Фајзер“, наведува Танјуг, повикувајќи се на неговиот извор од Владата на Србија.

Дополнителни дози вакцина против коронавирус на „Фајзер“ и „Бионтек“ треба да пристигнат на 19 и 25 јануари.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Шерлек, вчера изјави дека досега се вакцинирани 9.300 граѓани на Србија.

Од денес, граѓаните на Србија можат да го изразат својот интерес за вакцинација против Ковид-19 со пополнување на едноставен прашалник на порталот www.euprava.gov.rs.

Ова е првиот чекор во организацијата на масовна вакцинација и добивање датум и место на имунизација во согласност со приоритетите пропишани од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ-Батут“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести