8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Во Србија пристигнаа 40 илјади дози на руската вакцина „спутник 5“

Најчитани вести

Авион со 40.000 дози на руската вакцина „спутник 5“ слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а беше пречекан од министерот за иновации Ненад Поповиќ, пренесува РТС. Тој изјави дека 20.000 дози на компонентата 1 и 20.000 дози на компонентата 2 пристигнале денеска.

– Само пред помалку од 15 часа, овие вакцини беа во фабриката „Генериум“, но со извонредната логистика и поддршка од целата српска влада, членовите што се тука во Белград и оние кои се уште се во Москва, веќе е во Белград. Тоа беше сериозен логистички зафат и мораше да се добијат сите дозволи – рече Поповиќ.

Тој потенцираше дека вакцините се доставуваат во специјални контејнери тешки близу 200 килограми на температура од минус 20 степени, како и дека се контролира цело време.

– Ова е само прва количина од 40.000 од вкупно два милиони вакцини што ќе дојдат во Србија во текот на февруари и март. Интересот за руската вакцина во целиот свет е огромен, Србија е на нивниот список на приоритети број еден, а ова пристигнување на вакцините во Србија денес покажува колку Русија има блиски односи со Србија – истакна Поповиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести