23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Во Србија пристигнаа уште половина милион кинески вакцини против коронавирус

Најчитани вести

Во Србија пристигна нов контингент со 500.000 кинески вакцини против коронавирус на компанијата „Синофарм“.

Авионот со вакцини на аеродромот беше пречекан од премиерката Ана Брнабиќ.

„Добивме уште еден контингент кинески вакцини, до денес примивме вкупно 2,5 милиони вакцини од Кина. Имаме нешто помалку од милион од сите други вакцини. Утре, кога пристигнуваат уште 106.000 од „Фајзер“, ќе надминеме 3,5 милиони вакцини што ги обезбедивме“, рече Брнабиќ.

„Во овој момент имаме околу 26 проценти вакцинирани возрасни граѓани со една вакцина, 20 проценти примија ревакцинација. Целта е до овој месец да има околу 40 проценти од вакцинираните со барем првата вакцина. Кај населението на возраст од 65 до 74 години, над 51 процент од населението е вакцинирано“, додаде таа.

„Се надевам дека новиот контингент на кинеската вакцина дополнително ќе помогне во изградбата на имунолошкиот ѕид во Србија“, рече кинескиот амбасадор Чен Бо.

Како што рече премиерката на Србија, во овој момент не се разгледува давањето на трета доза на вакцината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести