30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Во Србија пристигнаа нови 100.000 вакцини „Спутник V“

Најчитани вести

На аеродромот Никола Тесла во Белград синоќа пристигнаа нови 100 000 дози на вакцината против корона вирусот Спутник.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ го дочека контингентот руски вакцини против корона вирусот.

-Многу луѓе мораме да ревакцинираме, му благодарам на претседателот Владимир Путин, изјавил српскиот претседател Вучиќ на дочекот на вакцините Спутник V.

Вакцините веднаш по пристигнувањето биле транспортирани до Институтот „Торлак“ во Белград од каде потоа ќе бидат дистрибуирани во центрите за вакцинирање низ Србија.

Денеска во Србија треба да бидат испорачани и 58 000 дози на вакцината Фајзер , а во петок уште половина милион кинески вакцини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести