33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани откако Вучиќ вети по 25 евра

Најчитани вести

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат дека кампањата за вакцинација ги покажува првите ефекти по ветената државна награда од 25 евра за вакцинираните, бидејќи одзивот е значително зголемен откако беше објавена одлуката за исплата.

Минатата среда, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, српската влада донесе одлука за зајакнување на кампањата ветувајќи по 25 евра на сите досега вакцинирани граѓани и на оние кои ќе ја примат првата доза до 31 мај.

На 2 мај, Србија имала 2.028.490 вакцинирани со првата доза, а три дена подоцна, кога беше објавено дека државата финансиски ќе ја поттикне вакцинацијата, дополнителни 43.145 лица ја примиле првата доза, па до 8 мај, вкупниот бројот на вакцинирани достигнал 2.140.266.

Кампањата за вакцинација продолжува на два начина, следејќи ги апликациите преку државниот е-систем, но и без регистрација на пунктовите за вакцинација во локалните здравствени центри и на белградскиот саем.

Во Белград влера пристигна нов контингент со 104.130 дози од вакцината на „Фајзер“ / „Бионтек“, а најавена е и нова испорака на уште половина милион дози од кинеската вакцина „Синофарм“, која минатата недела беше одобрена од Светската здравствена организација (СЗО) за итна употреба.

Здравствените власти во Србија покрај „Фајзер“ и „Синофарм“ користат и вакцини „Спутник в“ и од „Астра зенека“, со секојдневни повици до граѓаните да се вакцинираат и уверувања дека има доволно вакцини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести