14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Во Србија „експлодира“ бројката на новозаразени, медиумите предупредуваат на нов бран

Најчитани вести

По појавата на делта-сојот во Србија, тамошните експерти предупредуваат дека епидемијата ќе зададе уште еден „удар“, а според пишувањето на Б92, се чини дека тоа веќе и се случува.

Денес, по повеќе од два месеца, во Србија беа регистрирани над 300 нови случаи, поточно 332 за еден ден, што укажува на драстичен скок на бројот на заразени и влошување на епидемиолошката состојба.

Оттаму српските медиуми го поставуваат прашањето – дали земјата е веќе влезена во нов бран?

Според статистиката, доколку се погледнат корона-бројките во Србија во последниот месец, може да се забележи дека тие постепено растат со повремена стагнација, но и ненадејни скокови во последните неколку дена.

Пред точно еден месец, пишува Б92, дневниот број на заболени лица бил 84, што е за четири пати помалку од денешната бројка.
Сепак се нагласува дека иако бројот на новоинфицирани расте, позитивно е тоа што бројот на смртни случаи не се зголемува.

Ова ги потврдува информациите за новиот вид, кој, како што тврдат експертите, е далеку позаразен.

Лекарите секој ден ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин да се стави епидемијата под контрола.

Од друга страна, вакцинацијата во Србија бележи пад. што според медиумите наверојатно се должи на годишните одмори, убавото време и падот на бројот на заразени во претходниот период.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com