25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Во Софија уапсен Игор Спасов кој до смрт го претепа Мартин Нешковски

Најчитани вести

Бугарската полиција го уапсила Игор Спасов, специјалецот во МВР кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски.

– Бугарската полиција нѐ извести дека денеска во Софија е приведен Игор Спасов по наша распишана меѓународна потерница, велат извори од МВР.

Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ во 2018-та година поради лекарски вешти наоди дека морало врз него да се извршат две хируршки интервенции. Во затворот требал да се врати на 18 октомври, но наместо тоа избега.

Спасов до смрт го претепа Нешковски на победничката прослава на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година на плоштадот Македонија. Осуден е на 14 години затвор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести