Битола, 12 декември- Тешко повреден 40-годишен охриѓанец во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен, на мостот кај с. Кажани. Несреќата се случила вчера помеѓу запрено товарно возило „ман Ф200“ и автомобил „ауди“.
Во незгодата тешки телесни повреди добил возачот на „аудито“ по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.