9.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Во Собранието продолжува процедурата за разрешување на Катица Јанева

Најчитани вести

Илија Димовски, претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања денеска би требало да закаже состанок на комисијата на кој треба да се разгледа извештајот на Советот на јавните обвинители со предлог за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Првиот човек на СЈО е осомничена во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластувањата. По разгледувањето на извештајот, Комисијата за избори и именувања најверојатно на Собранието ќе му предложи разрешување на Јанева, по што треба да се закаже пленарна собраниска седница, а ако овој предлог биде прифатен и од Собранието, Советот на јавни обвинители ќе треба само да ја потврди таа одлука.

Ова и натаму не го решава проблемот со прв човек на СЈО. Сѐ уште траат дискусиите за тоа дали Советот на јавни обвинители има право да именува в.д. специјален обвинител, или за тоа треба да се повтори процедурата – Совет – Комисија – Собрание – Совет.

Освен тоа, се чека и на резултатот од собраниската расправа и меѓупартиските разговори за предлог-законот за јавно обвинителство, со кој СЈО ќе се интегрира во редовното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Ако се донесе овој закон, тогаш ќе нема потреба ни од избор на в.д. специјален обвинител.

Седницата на Комисијата за избори и именувања ќе биде затворена за јавноста затоа што ќе се разгледува извештај на Обвинителството за организиран криминал за случај што е во истрага. Jанева е во притвор од 21 август.

Во Собранието денеска треба да продолжи расправата за предлог-законото за јавно обвинителство на Комисијата за европски прашања, а можна е и средба на работните групи на партиите за ова прашање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com