23.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

Во Словенија рекорден број новозаразени, нема олеснување на мерките

Најчитани вести

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени рекордни 13.911 заразени со коронавирусот, а дури 75,5 отсто од тестовите биле позитивни, па Владата не размислува за олеснување на мерките во сè уште тешката епидемиолошка состојба.

– И покрај се поголемиот број заразени, бројот на хоспитализирани е стабилен, но со вакво големо присуство на вирусот кај населението, очекуваме притисок врз одделенијата за интензивна нега. Затоа не размислуваме за дополнително олеснување на мерките, туку размислуваме за излезна стратегија, изјави инфектологот Матеја Логар, кој ја предводи владината експертска група за Ковид-19, коментирајќи ги високите бројки.

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 13.411 новозаразени со коронавирус од 18.428 ПЦР тестови, со 75,5 отсто позитивни, што е најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com