6.3 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Во Словенија откриен случај на новиот вид на коронавирусот

Најчитани вести

Маж од Косово со привремен престој во Словенија кој допатувал од Белгија е првиот регистриран случај на новиот британски вид на коронавирусот во земјата. Веста дека во Словенија има откриен случај на новиот вид ја потврди премиерот Јанез Јанша, кој веднаш ги информирал белгиските власти.

На вчерашната вонредна прес-конференција, совенечкиот премиер соопштил дека човекот за да влезе во Словенија покажал негативен тест, иако имал и друг кој бил позитивен. Тој, како што рече Јанша е ставен во изолација и се проверуваат неговите контакти.

Олабавување на рестриктивните мерки ќе се разгледуваат повторно во Словенија, пред се заради можноста во земјата да има повеќе случаи на новиот вид на коронавирусот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести