14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Во Словенија е во тек предвремено гласање за изборите в недела

Најчитани вести

Во Словенија е во тек предвременото гласање за 90 пратеници во Народното собрание. Отворени се 96 избирачки места, по едно во секоја од изборните единици низ државата, а може да гласаат лицата кои нема да бидат во местото на живеење в недела или од други причини.

Право на глас имаат околу 1,65 милиони гласачи кои ќе го одредат составот на идната влада. Од 90 пратеници, 88 ќе бидат избрани од списокот на пријавените кандидати од 21 партија и граѓанска организација, а останатите двајца ќе бидат припадници на италијанското и унгарското малцинство.

Претставниците на малцинствата се избираат само од полнолетните граѓани на овие заедници во местата каде што живеат. Изборната кампања ќе продолжи до петок на полноќ, кога почнува изборниот молк.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com