Службата за цивилна заштита на Словенија, поради најавеното невреме, издаде наредба со која целиот нејзин систем се става во состојба на готовност, вклучувајќи ја и војската. Целта е што побрзо да можат да реагираат и да им помогнат на општините.
Се очекува до сабота наутро, над Словенија да се формираат појаси на обилни дождови, а врнежите ќе засилат на горските бариери на западна и јужна Словенија и над Горски Котар. Ветерот потоа обилните врнежи ќе ги носи и над централна и источна Словенија.
Северната страна на Алпите веќе ја погодил осетно постуден воздух, кој во следните денови постепено ќе се спушта во словенечките места, а посилни врнежи се очекуваат ноќеска, до сабота наутро.