1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Во Скопје 275 сообраќајни прекршоци, 57 за брзо возење

Најчитани вести

На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот се изречени вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 24 за возење без возачка дозвола, а 31 прекршок што ги чинат возачите на мотоцикли.

Од МВР денеска соопштија дека се изречени 17 санкции за користење мобилен телефон, 16 за возење под дејство на алкохол, девет за возач почетник, пет за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 64 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести