9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан

Најчитани вести

Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан. Станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеа во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства, информира Владата преку писмено соопштение.

„Граѓаните ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

По слетувањето доцна синоќа беше спроведена стандардна процедура, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина“, се вели во соопштението.

„Црвениот крст им подели хигиенски пакети и облека, а дополнително и за лицата кои претходно пристигнаа во Северна Македонија, Црениот крст дистрибуираше дополнителни средства за хигиена, зимска облека и обувки.

До сега во земјава пристигнаа вкупно 450 граѓани на Авганистан за кои институциите прават сé да се чувствуваат безбедно обезбедувајќи им ја целата потребна поддршка и помош во текот на нивниот привремен престој во Северна Македонија“, се додава во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com