25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Во Скопје приведени пет лица за поседување дрога

Најчитани вести

Скопје, 13 ноември- Ноќеска во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Партение Зографски“ го лишиле од слобода В.С.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Претходно во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Трета Македонска Бригада“ го лишиле од слобода А.Н.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

Во 01.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во подрачјето на населба Карпош го лишиле од слобода В.Ш.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на наплатната рампа Миладиновци, ги лишиле од слобода И.С.(41) и И.Е.(38), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тие биле приведени во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Против сите лица по документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com