27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Во Скопје казнети 15 мотоциклисти, во Битола 57, во Куманово 52 мотоциклисти

Најчитани вести

МВР соопшти дека за време на вчерашните сообраќајни котроли во Скопје се казнети 15 мотоциклисти, додека во Битоа, во периодот од 18 до 24 часот, во акциска контрола, биле казнети 57 мотоциклисти, а три мотори биле одземени. Битолската полиција казнила 30 возачи кои не користеле заштитна кацига, 17 мотоцикл без возачка дозвола, а одземените мотоцикли се поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. Во Куманово се казнети 52 мотоциклисти, од нив 41 поради неносење заштитна кацига, а одземени се три мотори.

За време на сообраќајните контроли во Скопје, изречени биле 109 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест мерки за минување на црвено светло.

Засилените акциски контроли продолжуваат. велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com