Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, шест за возење без возачка дозвола, пет за управување под дејство на алкохол, пет за користење мобилен телефон, две за минување на црвено светло, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 42 за непрописно паркирање.
Полицијата апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и предупредува дека и во наредниот период ќе се продолжи со секојдневни сообраќајни контроли на територијата на целата земја.